Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, април 2018 година

понеделник, 07 мај 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на
мало, во април 2018 година, во однос на претходниот месец изнесува 100.3.


Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан
кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 3.6 %, замрзнатото овошје за
1.2 %, другите преработки од месо за 0.9 %, месото за 0.7 %, другите прехранбени производи за 0.6 %, млекото за
0.5 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 %, трбушките и цигарите за 0.3 %, сушениот зеленчук, другиот
конзервиран и преработен зеленчук за 0.2 %.


Во април 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива
за домаќинствата за 2.8 %, болничките услуги за 2.6 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени
сообраќајни средства за 2.1 %, велосипедите за 1.6 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 1.3 %,
фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, услугите за рекреација и спорт за 1.0 %,
поправките на електричните апарати за 0.9 %, малите електрични апарати зa 0.6 %, мебелот за домаќинствата за 0.4 %,
средствата за чистење и одржување на станот, авионскиот превоз на патници за 0.3 %, обувките, материјалите за
одржување и поправки на станот, алатитe и опремата за куќа и градина, другите медицински производи, телефон и
телефакс-апаратите и телефон и телефакс-услугите, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај шеќерот, џемот, медот и кондикторските производи за 0.9 %, брашното и другите жита, рибата и
морските плодови за 0.4 %, оризот, другите пекарски производи, житата и јајцата за 0.2 %.


Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај туристичките пакет-аранжмани за
7.5 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.4 %, книгите за 1.3 %, автомобилите за 1.1 %, другите лични предмети
за 0.4 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.3 %, информатичката опрема и услугите за лична
хигиена за 0.2 %.


Индексот на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со април 2017 година, забележа пораст од
1.4 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 3.0 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика