Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, март 2018 година

вторник, 10 април 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во март 2018 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.9.


Индексот на трошоците на животот во март 2018 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано
движење во подгрупите. Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со
претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7.1 %, житата за 1.6 %, замрзнатото овошје
за 1.2 %, компирот за 0.9 %, млекото за 0.8 %, сирењето и урдата за 0.5 %, другите пекарски производи за 0.3 % и
трбушките за 0.2 %.


Во март 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и
телефакс-опремата за 3.3 %, предметите за лична хигиена и здравје за 1.2 %, услугите за лична хигиена за 1.1 %,
средствата за чистење и одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани за 0.9 %, обувките за 0.7 %, резервните
делови и опремата за сопствен превоз за 0.6 %, големите електрични апарати, услугите за култура за 0.5 %,
облеката, материјалите за одржување и поправки на станот, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема,
велосипедите за 0.4 %, другите услуги поврзани со станот, неспоменати на друго место, канцеларискиот материјал и
материјалите за цртање, услугите за сместување за 0.3 %, текстилот за домаќинствата, алатитe и опремата за куќа и
градина, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа, градините, растенијата и цвеќињата за 0.2 %.


Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај оризот за 1.5 %, сувото овошје и јаткастите производи за 1.1 %, другите прехранбени производи за
0.9 %, месото за 0.7 %, јајцата за 0.6 %, рибата и морските плодови, јогуртот за 0.5 %, сушеното, соленото и чаденото
месо за 0.3 %.

 
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата
за 3.7 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3.2 %, болничките услуги за 3.1 %,
течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.7 %, книгите за 2.6 %, гасот за
домаќинствата за 2.5 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 2.3 %, авионскиот превоз на патници
за 1.6 %, информатичката опрема за 1.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.8 %,
цврстите горива за 0.5 %, мебелот за домаќинствата за 0.3 % и другите медицински производи за 0.2 %.


Индексот на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со март 2017 година, забележа пораст од 1.6 %,
а индексот на цените на мало забележа пораст за 2.9 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика