Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот, според класификацијата COICOP, декември 2010

понеделник, 10 јануари 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во декември 2010, во однос на ноември 2010, изнесува 100.7, а во однос на декември 2009 изнесува 103.0.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во декември 2010, во однос на ноември 2010, пораст на индексите е забележан во групите: Транспорт за 1.8%, Храна и безалкохолни пијалаци и Останати стоки и услуги за 1.2%, Здравје за 0.8%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.4%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.2% и Облека и обувки за 0.1%.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Рекреација и култура за 1.1%, Алкохолни пијалаци, тутун и Ресторани и хотели за 0.1%.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Комуникации и Образование.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика