Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Трошоци на животот, според класификацијата COICOP,
ноември 2010
вторник, 07 декември 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен со цените
на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во ноември 2010 година во однос на октомври 2010 година,
изнесува 100.4, а во однос на ноември 2009 година изнесува 102.9.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во ноември 2010 година, во однос на
октомври 2010 година, пораст на индексите е забележан во групите: Останати стоки и услуги за 0.8%, Мебел,
покуќнина и одржување на покуќнина и Рекреација и култура за 0.7%, Храна и безалкохолни пијалаци за
0.5%, Транспорт за 0.4%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.3%, Облека и обувки и Ресторани
и хотели за 0.2%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групата Комуникации за 0.1%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Здравје и
Образование.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика