Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на живот според класификацијата COICOP и цени на мало, декември 2017

вторник, 09 јануари 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на живот во декември 2017 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 100.1, а индексот на цените на мало 100.4.


Во 2017 година, во однос на 2016 година, индексот на трошоците на живот бележи пораст од 1.4%, а индексот на
цените на мало бележи пораст од 3.2%.

Движењето на индексот на трошоците на живот во 2017 година беше различно по одделни групи на потрошувачка.
Пораст на индексите е забележан во групите: Комуникации за 8.5%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 6.3%,
Транспорт за 5.5%, Ресторани и хотели за 3.8%, Облека и обувки, Рекреација и култура за 1.0%, Мебел, покуќнина и
одржување на покуќнината за 0.5%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3%.


Намалување на индексот е забележано во групите: Здравје и Останати стоки и услуги за 0.6%, Образование за 0.3%,
Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2%.


Движењето на индексот на цените на мало во 2017 година, исто така, беше различно по одделни групи на
производи.


Пораст на индексите е забележан во групите: Услуги за 5.5%, Индустриско-непрехранбени производи за 2.3%,
Земјоделски производи за 0.9% и Индустриско-прехранбени производи за 0.8%.


Групата Пијалаци е на ниво од претходната година.


Индексот на трошоците на живот во декември 2017 година, вo споредба со декември 2016 година, забележа пораст
од 2.4%, а индексот на цените на мало забележа пораст од 4.9%.

Порастот на индексот на трошоците на живот во декември 2017 година, во споредба со претходниот месец, е резултат
на повисоките индекси на компирот за 1.8%, јајцата за 1.0%, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0.7%, оризот
за 0.6%, другите прехранбени производи за 0.4%, трбушките, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен
зеленчук за 0.2%.


Исто така, во декември 2017 година, пораст на индексите на трошоците на живот е забележан и кај болничките услуги
за 6.2%, течните горива за домаќинствата за 3.9%, авионскиот превоз на патници и туристичките пакет-аранжмани за
2.1%, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, другите лични предмети за 2.0%, течните горива и мазива
како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1.8%, гасот за домаќинствата, градините, растенијата
и цвеќињата и услугите за сместување за 1.2%, средствата за чистење и одржување на станот за 0.8%, поправките
на мебелот, покуќнината и покривките за под за 0.7%, услугите за култура за 0.5%, текстилот за домаќинствата,
услугите за рекреација и спорт за 0.4%, цврстите горива, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за
домаќинствата, мотоциклите, домашните миленици и сродни производи и угостителските услуги за 0.2%.


Намалување на индексите на трошоците на живот во декември 2017 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.0%, брашното и другите жита за 0.7%, рибата и морските плодови
за 0.5%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0.4%, безалкохолните
пијалаци за 0.3%, другите пекарски производи, сувото овошје и јаткастите производи за 0.2%.


Исто така, во декември 2017 година, намалување на индексите на трошоците на живот е забележано и кај фотографската
и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5.2%, обувките за 1.8%, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-
ата, филмовите за 1.3%, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 1.0%, опремата
за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0.9%, мебелот за домаќинствата, информатичката опрема за 0.6%,
големите електрични апарати за домаќинствата за 0.4%, малите електрични апарати за домаќинствата, телефон и
телефакс опремата за 0.2%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика