+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Порастот на трошоците на животот, според класификацијата COICOP, во август 2010 во споредба со јули 2010, изнесува 0.1%

вторник, 07 септември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во август 2010, во однос на јули 2010, изнесува 100.1, а во однос на август 2009 изнесува 101.9.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во август 2010 во однос на јули 2010, пораст на индексите е забележан во групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.8%, Рекреација и култура за 0.7% и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.1%.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во следните групи: Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.6%, Транспорт за 0.5% и Останати стоки и услуги за 0.2%.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Облека и обувки, Здравје, Комуникации, Образование и Ресторани и хотели.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  [email protected] 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика