Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Намалувањето на трошоците на животот, според класификацијата COICOP, во јули 2010, во споредба со јуни 2010, изнесува 0.4%

понеделник, 09 август 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јули 2010, во однос на јуни 2010, изнесува 99.6, а во однос на јули 2009 изнесува 101.5.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јули 2010, во однос на јуни 2010, намалување на индексите е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 1.3%, Облека и обувки за 0.6% и Транспорт за 0.4%.

Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во следните групи: Рекреација и култура за 1.7%, Здравје за 1.4%, Останати стоки и услуги за 0.4%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Ресторани и хотели за 0.1%.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Комуникации и Образование.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика