Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Порастот на трошоците на животот според класификацијата COICOP,
во јуни 2010, во споредба со мај 2010, изнесува 0.2%
четврток, 08 јули 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку
цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јуни 2010, во однос на мај 2010, изнесува 100.2,
а во однос на јуни 2009 изнесува 101.8.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јуни 2010, во однос на мај 2010,
пораст на индексите е забележан во групите: Комуникации за 2.9%, Ресторани и хотели за 0.6%, Храна
и безалкохолни пијалаци и Рекреација и култура за 0.4%, Останати стоки и услуги за 0.2% и Алкохолни
пијалаци, тутун за 0.1%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 1.2% и
Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.1%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Облека и обувки, Домување, вода,
електрика, гас и др. горива, Здравје и Образование.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика