+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, октомври 2017

вторник, 07 ноември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените
на мало во октомври 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3.


Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2017 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај оризот за 3.6%, компирот за 3.2%, млекото и јогуртот за 1.9%, сувото овошје и јаткастите производи
за 1.8%, изнутриците за 1.6%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.9%, месото за
0.8%, другите пекарски производи и другите прехранбени производи за 0.5%, сушеното, соленото и чаденото
месо за 0.4%, другите млечни производи и безалкохолните пијалаци за 0.3%.


Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за
домаќинствата за 6.2%, обувките за 4.2%, автомобилите за 3.9%, домашните миленици и сродни производи за
3.1%, болничките услуги за 2.6%, гасот за домаќинствата за 2.2%, фотографската и кинематографската опрема
и оптичките инструменти за 2.1%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни
средства за 2.0%, стоматолошките услуги за 1.7%, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за
1.6%, теписите и другите покривки за под за 1.3%, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за
1.2%, услугите за сместување за 0.9%, одржување и поправка на сопствените сообраќајни средства за 0.8%,
терапевтските помагала и опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0.7%, облеката за 0.5%,
малите електрични апарати за домаќинствата и резервните делови и опрема за сопствен превоз за 0.4%,
услугите за одржување и поправки на станот и текстилот за домаќинствата за 0.3%, мебелот за домаќинствата,
другите услуги за опрема за сопствен превоз и услугите за култура за 0.2%.


Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2017 година, во споредба со претходниот
месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 7.4%, замрзнатото овошје за 1.8%, свежиот и
разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1.0%, јајцата за 0.9%, брашното и
другите жита за 0.6%, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови, сушениот зеленчук,
друг конзервиран и преработен зеленчук за 0.4%, житата за 0.3% и алкохолните пијалаци за 0.2%.


Исто така, во октомври, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката
опрема за 2.2%, туристичките пакет-аранжмани за 1.7%, услугите за рекреација и спорт за 1.5%, книгите за
1.3%, материјалите за одржување и поправки на станот за 1.1%, предметите за лична хигиена и здравје за 0.8%,
опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики и услугите за лична хигиена за 0.5%, средствата
за чистење и одржување за домаќинствата за 0.4%, алатите и опремата за куќа и градина, другите медицински
производи и авионскиот превоз на патници за 0.3% и дискови, касети, дискети, ЦД, филмови за 0.2%.


Индексот на трошоците на животот во октомври 2017 година, во споредба со октомври 2016 година, бележи
пораст од 1.9%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4.3%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  [email protected] 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика