Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Порастот на трошоците на животот, според класификацијата COICOP, во април 2010, во споредба со март 2010, изнесува 0.6%

петок, 07 мај 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во април 2010, во однос на март 2010, изнесува 100.6, а во однос на април 2009 изнесува 101.4.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во април 2010, во однос на март 2010, пораст на индексите е забележан во групите: Транспорт за 1.6%, Рекреација и култура за 1.3%, Храна и безалкохолни пијалаци и Комуникации за 1.1%, Ресторани и хотели за 0.3% и Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во следните групи: Останати стоки и услуги за 1.1%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.7%, Облека и обувки и Здравје за 0.3% и Алкохолни пијалаци, тутун за 0.2%.

На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Образование.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика