Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Порастот на трошоците на животот, според класификацијата COICOP, во март 2010 во споредба со февруари 2010, изнесува 0.5%

четврток, 08 април 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во март 2010 во однос на февруари 2010, изнесува 100.5, а во однос на март 2009 изнесува 100.7.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во март 2010 во однос на февруари 2010, пораст на индексите е забележан во групите: Транспорт за 1.2%, Храна и безалкохолни пијалаци и Рекреација и култура за 1.0%, Останати стоки и услуги за 0.2%, Облека и обувки и Образование за 0.1%.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во следните групи: Комуникации за 0.9%, Здравје и Ресторани и хотели за 0.4% и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.1%.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун и Домување, вода, електрика, гас и др. горива.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика