Соопштението е од областа:
Цени
Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало,
септември 2017
понеделник, 09 октомври 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во септември 2017 година во однос на претходниот месец е на исто ниво. Вкупниот индекс на трошоците на животот и индексот на цените на мало се на исто ниво во однос на претходниот месец, но во септември се забележани промени по одделни групи. Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и замрзнат зеленчук освен компир за 2.3%, млекото за 1.5%, другите преработки од месо за 1.2%, сушеното, соленото и чаденото месо за 0.9%, изнутриците и јогуртот за 0.7%, јајцата за 0.6%, алкохолните пијалаци за 0.5%, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3% и безалкохолните пијалаци за 0.2%. Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата за 4.1%, течните горива за домаќинствата и течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.4%, информатичката опрема за 1.9%, теписите и другите покривки за под за 1.3%, цврстите горива за домаќинствата за 1.2%, малите електрични апарати за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.1%, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 1.0%, дискови, касети, дискети, ЦД, филмови за 0.8%, градините, растенијата и цвеќињата за 0.5%, големите електрични апарати за домаќинствата, резервните делови и опремата за сопстевен превоз за 0.4%. Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележанo кај сувото овошје и јаткастите производи за 7.0%, другите прехранбени производи за 1.2%, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук и компирот за 1.1%, оризот за 0.6%, брашното и другите жита за 0.5%, рибата и морските плодови, свежото и разладеното овошје за 0.4%, сирењето и урдата за 0.2%. Исто така, во септември, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 9.1%, услугите за сместување за 4.6%, авионскиот превоз на патници за 3.1%, туристичките пакет- аранжмани за 1.3%, предметите за лична хигиена и здравје за 1.2%, алатите и опремата за куќа и градина, услугите за лична хигиена за 0.9%, обувките за 0.5%, мебелот за домаќинствата, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.3%, облеката, поправките на мебел, покуќнината и покривките за под, накитот и часовниците за 0.2%. Индексот на трошоците на животот во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, бележи пораст од 1.7%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4.1%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|