Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Порастот на трошоците на животот, според класификацијата COICOP, во јануари 2010, во споредба со декември 2009, изнесува 0.7%
среда, 17 февруари 2010
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јануари 2010, во однос на декември 2009, изнесува 100.7, а во однос на јануари 2009 изнесува 100.1.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јануари 2010, во однос на декември 2009, пораст на индексите е забележан во групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 5.3%, Рекреација и култура за 2.6%, Транспорт за 1.9%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.8%, Облека и обувки и Здравје за 0.4% и Останати стоки и услуги за 0.2%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во следните групи:
Комуникации за 2.7% и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Образование и Ресторани и хотели.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика