Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, август 2017

четврток, 07 септември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2017
година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на цените на мало 100.9.


Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2017 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежиот и замрзнат зеленчук освен компир за 5.3%, замрзнатото овошје за 1.6%, сушеното,
соленото и чаденото месо за 1.5%, месото за 0.9%, изнутриците за 0.8%, другите преработки од месо за 0.6%,
сирењето и урдата, маслото и маснотиите, сувото овошје и јаткастите производи за 0.5%, млекото за 0.4%,
рибата и морските плодови за 0.2%.


Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на
патници за 21.7%, болничките услуги за 5.7%, велосипедите за 4.9%, гасот за домаќинствата за 3.8%, течните
горива за домаќинствата и средствата за чистење и одржување на домаќинствата за 2.7%, течните горива
и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, услугите за рекреација и спорт за 1.7%,
градините, цвеќињата и растенијата за 1.5%, предметите за лична хигиена и здравје за 1.1%, услугите за лична
хигиена за 0.9%, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.8%, цврстите горива за домаќинствата,
стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0.5%, резервните делови и опрема
за сопствен превоз, домашните миленици и сродни производи за 0.3%, облеката и услугите за одржување на
станот за 0.2%.


Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2017 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.5%, оризот за 1.4%, брашното и другите жита и јајцата за
1.2%, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук за 0.9%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата
и кондиторските производи за 0.7% и другите пекарски производи за 0.6%.


Исто така, во август, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење
на домаќинствата за 2.5%, обувките за 2.2%, информатичката опрема за 0.9%, материјалите за одржување и
поправки на станот, мебелот за домаќинствата, игрите, играчките и хобијата за 0.6%, стоматолошките услуги за
0.4%, текстилот за домаќинствата и поправката на електричните апарати за 0.2%.


Индексот на трошоците на животот во август 2017 година, во споредба со август 2016 година, бележи пораст од
1.9%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 4.1%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика