Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, јули 2017 година

понеделник, 07 август 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2017 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 99.4, а индексот на цените на мало 100.0.
Намалувањето на индексите на трошоците на животот од 0.6% во јули 2017 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на пониските индекси на свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 10.6%, јајцата
за 1.7%, млекото за 1.2%, брашното и другите житарици и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските
производи за 1.1%, изнутриците за 0.8% и другите пекарски производи за 0.5%.
Исто така, во јули, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива
за домаќинствата за 6.4%, автомобилите и течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени
сообраќајни средства за 4.2%, гасот за домаќинствата за 4.1%, средствата за чистење и одржување на станот
за 3.0%, болничките услуги за 2.9%, обувките за 1.1%, градините, растенијата и цвеќињата за 0.7%, цврстите
горива за домаќинствата за 0.4%, малите електрични апарати и опремата за прием, снимање и репродукција
на звук и слики за 0.3%, ткаенините, електричната енергија за домаќинствата, телефон и телефакс апаратите и
телефон и телефакс услугите за 0.2%.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2017 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежото и разладеното овошје за 2.6%, сувото овошје и јаткастите производи за 2.5%, другите
прехранбени производи за 0.8%, безалкохолните пијалаци за 0.7%, оризот, другите преработки од месо, рибата
и морските плодови и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0.5%.
Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на
патници за 13.2%, информатичката опрема за 5.2%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките
инструменти за 5.0%, услугите за сместување за 4.8%, пакет-туристичките аранжмани за 2.2%, велосипедите за
0.3% и текстилот за домаќинствата за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во јули 2017 година, во споредба со јули 2016 година, бележи пораст од
1.2%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 2.9%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика