Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, јуни 2017 година

петок, 07 јули 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2017 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на цените на мало 100.5.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2017 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежото и разладеното овошје за 8.3%, сувото овошје и јаткастите производи за 2.3%, другите
преработки од месо за 0.4%, брашното и другите житарици и другите прехранбени производи за 0.3% и
замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0.2%.
Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на
патници за 14.5%, цигарите за 5.3%, услугите за сместување за 4.8%, информатичката опрема за 2.8%, пакет-
туристичките аранжмани за 2.1%, патниот сообраќај за 1.9%, поправките на мебелот, покуќнината и покривките
за под за 1.1%, теписите и другите покривки за под за 0.7%, другите услуги неспомнати на друго место за 0.6%,
мебелот за домаќинствата за 0.5%, текстилот за домаќинствата за 0.4%, големите електрични апарати за 0.3%,
услугите за одржување и поправки на станот за 0.2%.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2017 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 2.4%, млекото за 2.2%, сирењето и урдата за
1.1%, изнутриците за 0.9%, оризот за 0.8%, јајцата за 0.5%, другите пекарски производи и шеќерот, џемот, медот,
чоколадата и кондиторските производи за 0.4%, маслото и маснотиите и алкохолните пијалаци за 0.2%.
Исто така, во јуни, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата
за 4.0%, течните горива за домаќинствата за 3.6%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени
сообраќајни средства за 3.1%, предметите за лична хигиена и здравје за 0.9%, средствата за чистење и
одржување на станот, услугите за лична хигиена за 0.7%, малите електрични апарати и услугите за одржување
на станот за 0.6%, обувките, лековите и градините, растенијата и цвеќињата за 0.4%, другите медицински
производи, опрема за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3%, велосипедите и накитот и
часовниците за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во јуни 2017 година, во споредба со јуни 2016 година, бележи пораст од
1.5%, а индексот на цените на мало бележи пораст од 2.9%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика