Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај 2017 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на цените на мало 100.6.
Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2017 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежото и разладеното овошје за 13.2%, свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 12.6%,
сувото овошје и јаткастите производи за 2.5%, рибата и морските плодови за 1.3%, цигарите за 1.2%, месото за
1.1%, другите прехранбени производи за 0.6%, сушеното, соленото и чаденото месо и замрзнатото овошје за
0.5%, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук и алкохолните пијалаци за 0.3%.
Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници
за 8.7%, болничките услуги за 1.2%, патниот сообраќај за 0.9%, накитот и часовниците за 0.8%, услугите за
одржување и поправки на станот, услугите за рекреација и култура за 0.3%.
Намалувањето на индексите на трошоците на животот во мај 2017 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај јогуртот за 1.2%, јајцата за 1.1%, млекото за 0.8%, изнутриците, другите преработки од месо,
шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.7%, маслото и маснотиите за 0.3%, сирењата
и урдата за 0.2%.
Исто така, во мај, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата
за 4.9%, градините, растенијата и цвеќињата за 2.0%, течните горива за домаќинствата за 1.8%, средствата за
чистење и одржување на станот, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни
средства за 1.1%, малите електрични апарати за 0.5%, пакет-туристичките аранжмани, услугите за сместување
и предметите за лична хигиена и здравје за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во мај 2017 година, во споредба со мај 2016 година, бележи пораст од 1.2%,
а индексот на цените на мало бележи пораст за 2.7%.