Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, април 2017

понеделник, 08 мај 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2017
година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало 100.1.


Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2017 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 15.8%, свежото и разладеното овошје за 11.7%,
компирите за 4.1%, сувото овошје и јаткастите производи за 1.4%, јајцата за 1.2%, јогуртот за 0.7%, цигарите
за 0.5%, другите преработки од месо, другите преработки од риба и морските плодови, сушениот зеленчук,
другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.4%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските
производи за 0.3% и лебот за 0.2%.


Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај теписите и другите
прекривки за под за 2.8%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2.0%,
осигурувањето за 1.8%, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 1.6%, обувките за 1.2%,
велосипедите, градините, растенијата и цвеќињата, услугите за рекреација и спорт и услугите за сместување
за 0.9%, игрите, играчките и хобија за 0.7%, поправката на електричните апарати за 0.6%, опремата за прием,
снимање и репродукција на звук и слики за 0.5%, услугите за одржување и поправки на станот, другите лични
предмети и финансиските услуги неспомнати на друго место за 0.3%, облеката, големите електрични апарати,
пакет-туристичките аранжмани, угостителските услуги и предметите за лична хигиена и здравје за 0.2%.


Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2017 година, во споредба со претходниот
месец, е забележано кај другите прехранбени производи за 1.3%, месото за 1.2%, замрзнатото овошје за 0.8%,
алкохолните пијалаци за 0.5%, рибата и морските плодови за 0.4% и изнутриците за 0.3%.


Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за
7.2%, гасот за домаќинствата за 4.7%, течните горива за домаќинствата за 4.2%, телефон и телефакс опремата
за 3.0%, болничките услуги за 2.5%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни
средства за 2.2%, текстилот за домаќинствата и патничките автомобили за 0.6%, алатите за опрема за куќа
и градина, другите медицински производи и терапевтски апарати, услугите за култура и другите услуги
неспомнати на друго место за 0.4%, средствата за чистење и одржување на станот и авионскиот превоз на
патници за 0.3%.


Индексот на трошоците на животот во април 2017 година, во споредба со април 2016 година, бележи пораст од
1.0%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 2.2%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика