Соопштението е од областа:
Цени
Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало,
февруари 2017 година
вторник, 07 март 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.5, а индексот на цените на мало 99.4. Намалувањето на индексите на трошоците на животот од 0.5% во февруари 2017 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, за 16.3%, свежото и разладеното овошје за 5.3%, полномасното млеко за 0.8%, другите преработки од месо за 0.3%, лебот и житата, јајцата и маслото и маснотиите за 0.2%. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 31.5%, собирањето на смет за 4.7%, туристичките пакет-аранжмани за 3.8%, течните горива за домаќинствата за 1.0%, отпадната вода за 0.9%, играчките, игрите и хобија за 0.8%, велосипедите за 0.7%, мебелот за домаќинствата за 0.5%, материјалите за одржување и поправки на станот, услугите за лична хигиена и предметите за лична хигиена и здравје за 0.2%. Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2017, во споредба со претходниот месец, е забележан кај замрзнатите морски плодови за 4.3%, безалкохолните пијалаци за 1.8%, другите преработки од риба и морските плодови за 1.7%, другите млечни производи за 1.0%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.7%, сувото овошје и јаткастите производи за 0.4%, месото и замрзнатото овошје за 0.3%, сирењето и урдата, сушеното, соленото и чаденото месо, замрзнатиот зеленчук, освен компири, и другите прехранбени производи за 0.2%. Во февруари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај весниците, книгите и канцеларискиот материјал за 4.6%, гасот за домаќинствата за 4.3%, болничките услуги за 3.5%, телефон и телефакс апаратите и телефон и телефакс услугите за 3.4%, градините, растенијата и цвеќињата за 1.8%, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 1.3%, средствата за чистење и одржување на станот и угостителските услуги за 1.0%, лековите и информатичката опрема за 0.9%, облеката за 0.6%, обувките за 0.5%, цврстите горива за домаќинствата, големите апарати за домаќинствата и другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0.4%, услугите за одржување и поправки на станот, снабдувањето со вода и услугите за рекреација и спорт за 0.3%. Индексот на трошоците на животот во февруари 2017 година, во споредба со февруари 2016 година, бележи пораст од 0.2%, а индексот на цените на мало бележи пораст од 1.3%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|