Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, јануари 2017

вторник, 14 февруари 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2017
година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.6, а индексот на цените на мало 101.1.


Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со претходниот месец,
е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 4.5%, свежото и разладеното овошје
за 3.4%, млекото за 1.4%, сувото овошје и јаткастите производи за 1.3%, другите прехранбени производи за
0.8%, сирењето и урдата за 0.6%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5%,
безалкохолните пијалаци за 0.4%, лебот и месото за 0.3%, јајцата и алкохолните пијалаци за 0.2%.


Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за
домаќинствата за 9.1%, другите финансиски услуги неспомнати на друго место за 7.0%, информатичката опрема
за 6.4%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 6.2%, услугите
за сместување за 4.9%, гасот за домаќинствата и патниот сообраќај за 3.9%, автомобилите за 3.7%, градините,
растенијата и цвеќињата за 2.7%, теписите и другите покривки за под за 1.5%, телефонските и телефакс услугите
за 0.8%, алатите и опремата за куќа и градина за 0.7%, угостителските услуги за 0.6%, средствата за чистење и
одржување на станот за 0.5%, мебелот за 0.4%, облеката и материјалите за одржување и поправки на станот
за 0.2%.


Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај рибата и морските плодови за 1.3%, сушеното, соленото и чаденото месо за 0.6%, јогуртот,
замрзнатото овошје и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0.2%.


Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 5.7%,
туристичките пакет-аранжмани за 5.4%, телефонската и телефакс опремата за 3.4%, обувките за 1.7%, лековите
за 0.6% и услугите за лична хигиена за 0.2%.


Индексот на трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, бележи пораст
од 0.6%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 1.5%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика