Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, декември 2016

понеделник, 09 јануари 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во декември 2016
година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 100.0.


Во 2016 година, во однос на 2015 година, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало
бележат намалување од 0.2%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2016 година беше различно по одделни групи на
потрошувачка.


Намалување на индексите е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци и Здравје за 0.4%, Алкохолни
пијалаци, тутун и наркотици за 0.2% и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0.1%.


Пораст на индексот е забележан во групите: Рекреација и култура за 1.2%, Транспорт за 0.5%, Облека и обувки
и Останати стоки и услуги за 0.2% и Ресторани и хотели за 0.1%.


На ниво од претходната година се групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива, Комуникации и
Образование.


Движењето на индексот на цените на мало во 2016 година, исто така, беше различно по одделни групи на
производи.


Намалување на индексите е забележано во групите: Земјоделски производи за 0.8%, Услуги за 0.3% и Пијалаци
за 0.2%.


Пораст на индекситe е забележан во групата Индустриско-непрехранбени производи за 0.3%.
Групата Индустриски прехранбени производи е на ниво од претходната година.


Индексот на трошоците на животот во декември 2016 година, вo споредба со декември 2015 година, забележа
намалување од 0.2%, а индексот на цените на мало забележа пораст од 0.1%.

Индексот на трошоците на животот во декември 2016 година, во однос на претходниот месец, забележа
намалување од 0.1%.


Намалувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2016 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 5.9%, рибата и морските плодови и млекото за 0.8%,
другите прехранбени производи за 0.7%, алкохолните пијалаци за 0.6%, зеленчукот за 0.5%, оризот за 0.4% и
безалкохолните пијалаци за 0.2%.


Исто така, во декември 2016 година, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај
авионскиот превоз на патници за 6.5%, средствата за чистење и одржување на станот за 0.4%, услугите за
рекреација и спорт за 0.3% и лековите за 0.2%.


Пораст на индексите на трошоците на животот во декември 2016 година, во споредба со претходниот месец,
е забележан кај другите пекарски производи за 1.2% и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските
производи за 0.6%.


Исто така, во декември 2016 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките
пакет-аранжмани за 4.8%, информатичката опрема за 2.7%, течните горива за домаќинствата за 2.5%, течните
горива и мазива за 1.4%, гасот за домаќинствата за 0.9%, електричните апарати - мали за домаќинствата за
0.4%, облеката, услугите и предметите за лична хигиена за 0.3%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика