Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на
цените на мало во ноември 2016 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.2% во ноември 2016 година, во споредба со
претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 17.0%, оризот за
8.0%, компирот за 1.2%, месото за 0.6%, маслото и маснотиите за 0.5% и замрзнатото овошје за 0.2%.
Во ноември, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот
превоз на патници за 7.1%, информатичката опрема за 1.7%, книгите за 0.3%, терапевтските помагала и услугите
за култура за 0.2%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во ноември 2016 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 3.2%, јајцата за 0.9%, шеќерот, џемот, медот,
чоколадата и кондиторските производи за 0.8%, полномасното млеко за 0.7% и другите прехранбени производи
за 0.3%.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и телефакс опремата
за 3.2%, болничките услуги за 1.4%, услугите за сместување за 1.3%, течните горива за домаќинствата за 1.1%,
мотоциклите за 1.0%, накитот и часовниците за 0.6%, обувките за 0.5%, велосипедите, резервните делови и
опремата за сопствен превоз за 0.4%, гасот за домаќинствата, градините, растенијата, цвеќињата, рестораните
и кафулињата за 0.3%, облеката, течните горива и мазива за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година, бележи
намалување од 0.2%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 0.2%.