Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во октомври 2016
година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.7.
Индексот на трошоците на животот во октомври 2016 година е на исто ниво како во претходниот месец, но е
забележано движење во подгрупите.
Пораст е забележан кај јајцата и свежиот и разладениот зеленчук освен компир за 1.1%, безалкохолните
пијалаци за 0.4%, месото и млекото за 0.3%.
Во октомври 2016, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките
пакет-аранжмани за 4.9%, обувките за 3.4%, гасот за домаќинствата за 2.9%, болничките услуги за 2.8%,
текстилот за домаќинствата за 1.3%, течните горива за домаќинствата за 0.8%, течните горива и мазива за 0.7%,
накитот и часовниците за 0.6%, мебелот за домаќинствата за 0.5%, облеката, малите електрични апарати за
домаќинствата и лековите за 0.4%, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.3% и игри, играчки и
хоби за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во октомври 2016 година, во споредба со претходниот
месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 5.4%, другите пекарски производи за 1.7%, сувото
овошје и јаткастите производи за 1.1%, замрзнатиот зеленчук освен компир за 0.8%, маслото и маснотиите за
0.7%, оризот за 0.5%, другите прехранбени производи за 0.4%, рибата и морските плодови за 0.3%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници
за 17.6%, информатичката опрема за 2.4%, медицинските и парамедицинските услуги за 1.9%, средствата за
чистење и одржување на станот за 1.6%, услугите и предметите за лична хигиена за 0.3%.
Индексот на трошоците на животот во октомври 2016 година, во споредба со октомври 2015 година, бележи
пораст од 0.2%, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.5%.