Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, септември 2016

петок, 07 октомври 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2016
година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.2, а индексот на цените на мало 99.8.
Порастот на индексот на трошоците на животот од 0.2% во септември 2016 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на повисоките индекси на свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 2.6%, јајцата за
2.4%, компирот за 1.3%, месото, рибата, морските плодови и замрзнатото овошје за 0.7%, шеќерот, џемот,
медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5%, сувото овошје, јаткастите производи и алкохолните
пијалаци за 0.3% и сушеното, соленото и чаденото месо за 0.2%.
Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата
за 3.7%, течните горива за домаќинствата за 3.2%, течните горива и мазива за 2.4%, средствата за чистење и
одржување на станот за 2.0%, здравствените услуги за 1.5%, ветеринарните и другите услуги за домашните
миленици за 1.2%, книгите за 0.9%, другите лични предмети за 0.7%, мебелот и малите електрични апарати
за домаќинствата за 0.8%, материјалите за одржување и поправки на станот за 0.6%, угостителските услуги за
0.5%, цврстите горива за домаќинствата за 0.3%, услугите за лична хигиена, накитот и часовниците за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2016 година, во споредба со претходниот
месец, е забележано кај оризот и полномасното млеко за 1.1%, изнутриците за 0.5%, другите прехранбени
производи за 0.4% и свежото и разладеното овошје за 0.3%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници
за 15.2%, туристичките пакет-аранжмани за 10.6%, услугите за сместување за 6.4%, болничките услуги за 6.1%,
велосипедите за 0.7%, обувките за 0.5% и лековите за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во септември 2016 година, во споредба со септември 2015 година, бележи
пораст од 0.2%, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика