Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, август 2016

среда, 07 септември 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2016 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 100.4.


Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.1% во август 2016 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на пониските индекси на замрзнатото овошје за 2.9%, свежото и разладеното овошје за
2.5%, оризот за 2.4%, брашното и другите житарици и компирот за 1.7%, другите прехранбени производи за
0.7%, сувото овошје и јаткастите производи за 0.6%, сирењето и урдата за 0.5%, другите пекарски производи и
другите преработки од месо за 0.4%, другите млечни производи за 0.3% и сушеното, соленото и чаденото месо
за 0.2%.


Во август, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното
греење за домаќинствата за 10.7%, течните горива за домаќинствата за 5.8%, течните горива и мазива за 3.0%,
гасот за домаќинствата за 2.0%, информатичката опрема за 1.9%, средствата за лична хигиена и здравје за 1.3%,
услугите за лична хигиена за 1.1%, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.6%, обувките за 0.4%
и средствата за чистење и одржување на станот за 0.2%.


Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2016 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај месото за 1.0%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.9%, свежиот
и разладен зеленчук освен компирот за 0.7%, млекото и безалкохолните пијалаци за 0.3% и замрзнатиот
зеленчук и сушениот зеленчук за 0.2%.


Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за
43.5%, болничките услуги за 3.5%, велосипедите за 0.7%, текстилот за домаќинствата за 0.6%, туристичките
пакет-аранжмани за 0.5%, малите електрични апарати за домаќинствата и алатите и опремата за куќа и градина
за 0.3% и лековите, накитот и часовниците за 0.2%.


Индексот на трошоците на животот во август 2016 година, во споредба со август 2015 година, бележи намалување
од 0.3%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.2%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика