Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2016 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 99.7, а индексот на цените на мало 100.1.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2016 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 8.2%, јајцата за 1.0%, сирењата за 0.8%, оризот,
замрзнатата риба и млекото за 0.5%, компирот за 0.4%, другите пекарски производи, јогуртот и шеќерот, џемот,
медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема
за 2.3%, течните горива и мазива за домаќинствата за 1.5%, обувките и лековите за 1.2%, цврстите горива за
домаќинствата за 0.8%, другите медицински производи за 0.7%, облеката и течните горива за домаќинствата
за 0.6%, мебелот за домаќинствата за 0.3%, материјалите за одржување и поправки на станот и електричната
енергија за домаќинствата за 0.2%.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2016 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај другите прехранбени производи за 1.5%, другите преработки од риба и морски плодови за 0.9%,
сувото овошје и јаткастите производи за 0.6%, свежото и разладеното овошје за 0.5%, сушеното, соленото и
чаденото месо и сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук за 0.4% и изнутриците за 0.3%.
Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на
патници за 11.9%, услугите за сместување за 9.1%, туристичките пакет-аранжмани за 4.0%, игрите и хобито
за 3.5%, средствата за чистење и одржување на станот за 1.9%, гасот за домаќинствата за 1.5%, социјалната
заштита за 1.0%, средствата за лична хигиена и здравје за 0.8%, услугите за лична хигиена за 0.7%, текстилот
за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.4%, големите и
малите електрични апарати за домаќинствата за 0.3%.
Индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во јули 2016 година, во споредба со јули 2015
година, бележат намалување од 0.3%.