Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, мај 2016

вторник, 07 јуни 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај 2016 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало 100.3.


Порастот на индексот на трошоците на животот од 0.5% во мај 2016 година, во споредба со претходниот месец,
е резултат на повисоките индекси на компирот за 14.7%, свежото и разладеното овошје за 9.1%, свежиот и
разладениот зеленчук, освен компирот, за 6.6%, другите пекарски производи за 1.4%, конзервираното овошје за
0.6%, брашното и другите житарици и алкохолните пијалаци за 0.5%, замрзнатото овошје, другите прехранбени
производи за 0.3% и безалкохолните пијалаци за 0.2%.


Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 14.6%,
мотоциклите за 6.9%, течните горива за домаќинствата за 5.7%, авионскиот превоз на патници за 2.2%, течните
горива и мазива за домаќинствата за 1.8%, обувките за 1.7%, теписите и другите покривки за под за 0.9%,
мебелот за домаќинствата за 0.6%, информатичката опрема за 0.5%, облеката, материјалите за одржување
и поправките на станот за 0.3%, услугите за одржување и поправки на станот и поправките на електричните
апарати за 0.2%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај услугите за сместување за 6.9%,
гасот за домаќинствата за 4.9%, туристичките пакет-аранжмани за 4.7%, средствата за чистење и одржување
на станот за 1.4%, малите електрични апарати за 0.7%, лековите за 0.6%, големите електрични апарати за 0.5%,
велосипедите за 0.4%, цврстите горива, алатите и опремата за куќи и градини за 0.3% и средствата за лична
хигиена и здравје за 0.2%.


Индексот на трошоците на животот во мај 2016 година, во споредба со мај 2015 година, бележи намалување
од 0.7%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.0%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во мај 2016 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај јајцата за 1.2%, маслото и маснотиите за 0.5%, сувото овошје и јаткастите производи и сушениот
зеленчук за 0.4%, изнутриците за 0.3%, месото, јогуртот, сирењата и урдата за 0.2%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика