Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, април 2016

понеделник, 09 мај 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2016
година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.1, а индексот на цените на мало 100.5.
Порастот на индексот на трошоците на животот од 0.1% во април 2016 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје за 4.8%, сушениот зеленчук, друг
конзервиран и преработен зеленчук за 1.4%, алкохолните пијалаци за 0.4%, изнутриците, свежата и разладена
риба за 0.3% и замрзнатиот зеленчук, освен компирот, за 0.2%.
Во април, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива и мазива
за домаќинствата за 5.5%, патниот сообраќај за 4.9%, течните горива за домаќинствата за 4.4%, туристичките
аранжмани и социјалната заштита за 3.7%, услугите за одржување и поправка на станот за 3.5%, обувките
за 3.1%, велосипедите за 2.4%, авионскиот превоз на патници за 1.8%, другите услуги за опрема за сопствен
превоз за 1.5%, алатите и опремата за куќи и градини за 1.2%, гасот за домаќинствата за 0.9%, цврстите горива
за домаќинствата за 0.4%, накитот и часовниците за 0.3% и текстилот за домаќинствата за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во април 2016 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирот, за 6.3%, маслото и маснотиите за 2.4%, другите прехранбени производи за 1.4%, оризот за 1.3%, месото за 0.5%, брашното и другите житарици,
сушеното, соленото и чаденото месо и другите преработки од месо за 0.4%, млекото, сирењата и јајцата за
0.3% и лебот, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за
0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 4.4%,
резервните делови и опремата за сопствен превоз за 2.3%, средствата за чистење и одржување на станот за
2.2%, услугите и средствата за лична хигиена и здравје за 0.3% и лековите и услугите за култура за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во април 2016 година, во споредба со април 2015 година, бележи намалување
од 0.7%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.6%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика