Соопштението е од областа:
Цени
Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало,
март 2016
четврток, 07 април 2016
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во март 2016 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.1, а индексот на цените на мало 100.2. Порастот на индексот на трошоците на животот во март 2016 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје за 2.7%, јајцата за 1.1%, сушениот зeленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5%, свежата и разладената риба за 0.3%, изнутриците и другите прехранбени производи за 0.2%. Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 9.8%, фотографската и кинематографската опрема и оптички инструменти за 6.5%, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 3.0%, градините, растенијата и цвеќињата за 2.4%, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 2.3%, авионскиот превоз на патници за 1.9 %, средствата за чистење и одржување на станот и туристичките аранжмани за 1.8%, течните горива и мазива за домаќинствата за 1.1%, услугите за култура за 1.0%, тутунот, телефонските и телефакс-апаратите и телефонските и телефакс-услугите за 0.9%, текстилот за домаќинствата за 0.6%, патниот сообраќај за 0.5%, големите електрични апарати за домаќинствата, информатичката опрема и електричните апарати за лична хигиена за 0.4%, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.3%, гасот за домаќинствата, другите медицински производи неспомнати на друго место, улугите за лична хигиена и средствата за лична хигиена за 0.2%. Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, за 1.4%, маслото и маснотиите за 0.9%, оризот за 0.6%, млекото и замрзнатото овошје за 0.5%, безалкохолните пијалаци за 0.4% и другите преработки од месо за 0.2%. Во март, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 4.3 %, теписите и другите покривки за под за 1.8% и обувките за 0.4%. Индексот на трошоците на животот во март 2016 година, во споредба со март 2015 година, бележи намалување од 0.4%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.1%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|