Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2016
година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 99.4.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.1% во февруари 2016 година, во споредба со
претходниот месец, е резултат на пониските индекси на другите пекарски производи и јајцата за 1.4%, оризот и
лебот за 0.9%, маслото и маснотиите за 0.8%, алкохолните пијалаци за 0.6%, месото и сушениот и преработениот
зеленчук за 0.5%, брашното и другите житарици и другите млечни производи за 0.3% и безалкохолните пијалаци
за 0.2%.
Во февруари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива
за домаќинствата за 10.8%, авионскиот превоз на патници за 9.8%, течните горива и мазива за 6.4%, гасот за
домаќинствата за 4.7%, телефонската и телефакс-опремата за 4.4%, предметите за лична хигиена и здравје за
1.3%, услугите за лична хигиена за 1.2%, поправките на обувки, малите електрични апарати за домаќинствата
и одржувањето и поправките на автомобилите за 0.4%, обувките за 0.3%, големите електрични апарати за
домаќинствата, накитот и часовниците за 0.2%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во февруари 2016 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирот, за 4.9%, замрзнатото овошје за 1.2%, рибата и
морските плодови и свежото и разладеното овошје за 1.1%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските
производи за 0.6% и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0.2%.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 13.2%,
информатичката опрема за 2.2%, средствата за чистење и одржување на домаќинството за 1.7%, цврстите
горива за домаќинствата за 1.3%, текстилот за домаќинствата за 0.3%, малите алатки и останатите додатоци за
домаќинствата, другите медицински производи, терапевтските апарати и опрема за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2016 година, во споредба со февруари 2015 година, е на исто
ниво, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.4%.