Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2016
година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8, а индексот на цените на мало 100.0.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.2% во јануари 2016 година, во споредба со
претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 1.9%, сушеното,
соленото и пушеното месо за 1.6%, јајцата за 0.6%, сувото овошје и јаткастите производи за 0.5%, лебот и
месото за 0.4%, свежиот и разладен зеленчук освен компир за 0.3%.
Во јануари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај обувките за
3.7%, течните горива и мазива за 3.5%, туристичките аранжмани за 3.4%, малите алатки и останатите додатоци
за домаќинствата за 1.7%, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 1.4%, предметите за лична
хигиена и здравје за 1.3%, услугите за лична хигиена за 1.0%, превозот на патници со автобус за 0.8%, лековите и
угостителските услуги во рестораните и хотелите за 0.6%, облеката и други нетрајни средства за домаќинствата
за 0.3%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата за 0.2%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во јануари 2016 година, во споредба со претходниот месец,
е забележан кај другите пекарски производи за 2.9%, замрзнатиот зеленчук освен компирот за 2.0%, другите
прехранбени производи за 1.9%, оризот и компирот за 1.8%, изнутриците за 1.6%, брашното и другите житарици
за 1.5%, конзервираното овошје за 1.1%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.0%,
другите преработки од месо, рибата и морските плодови за 0.7%, помалку масното млеко, сирењето и урдата,
маслото и маснотиите за 0.5%, полномасното млеко за 0.3% и безалкохолните пијалаци за 0.2%.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 4.9%,
средствата за чистење и одржување на станот за 3.2%, болничките услуги за 2.1%, автомобилите за 1.4%, малите
електрични апарати за домаќинствата за 1.2%, големите електрични апарати за домаќинствата за 1.1%, накитот и
часовниците за 0.3%, материјалите за одржување и поправки на станот и информатичката опрема за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2016 година, во споредба со јануари 2015 година, бележи пораст
од 0.1%, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.2%.