+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, декември 2015

петок, 08 јануари 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во декември 2015
година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 100.1.
Во 2015 година, во однос на 2014 година, индексот на трошоците на животот бележи намалување од 0.3%, а
индексот на цените на мало бележи намалување од 1.3%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2015 година беше различно по одделни групи
на потрошувачка.
Намалување на индексите е забележано во групите Транспорт за 9.0% и Комуникации за 4.9%.
Пораст на индексот е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун за 5.4%, Мебел, покуќнина
и одржување на покуќнината за 2.0%, Здравје за 1.5%, Ресторани и хотели за 1.2%, Домување, вода,
електрика, гас и други горива за 1.1%, Рекреација и култура за 0.8%, Облека и обувки за 0.4%, Храна
и безалкохолни пијалаци и Образование за 0.1%.
Групата Останати стоки и услуги е на ниво од претходната година.
Движењето на индексот на цените на мало во 2015 година, исто така, беше различно по одделни
групи на производи.
Намалување на индексите е забележано во групите: Индустриско-непрехранбени производи за
3.4% и Услуги за 0.7%.
Пораст на индекситe е забележан во групите: Земјоделски производи за 3.3% и Пијалаци за 0.6%.
Групата Индустриско-прехранбени производи е на ниво од претходната година.

Индексот на трошоците на животот во декември 2015 година, вo споредба со декември 2014 година, забележа
намалување од 0.3%, а индексот на цените на мало забележа намалување од 0.4%.

Индексот на трошоците на животот во декември 2015 година, во однос на претходниот месец, забележа
намалување од 0.1%.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2015 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 6.1%, рибата за 2.1%, конзервираната риба за 1.0%,
другите неспомнати прехранбени производи за 0.7%, месото, свежото млеко и сувото овошје за 0.3% и
тестенините за 0.2%.
Исто така, во декември 2015 година, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај
болничките услуги за 7.6%, течните горива за домаќинствата за 7.5%, лековите за 1.6%, течните горива и мазива
за 0.7%, гасот за домаќинствата за 0.3%, електричните апарати-големи за домаќинствата и игрите, играчките и
хоби за 0.2%.

Пораст на индексите на трошоците на животот во декември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај јајцата за 1.1%, другото месо и зеленчукот за 0.7%, другите млечни производи, шеќерот, џемот,
медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3%, лебот и житариците, сувомеснатите производи и
преработките од млеко за 0.2%.
Исто така, во декември 2015 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите
за сместување за 15.3%, пакет-туристичките аранжмани за 6.9%, авионскиот превоз на патници за 6.0%,
стоматолошките услуги за 0.9%, другите производи за одржување на станот, телефонските и факс апаратите
и услугите за 0.6%, материјалите за одржување и поправки на станот и електричните апарати-мали за
домаќинствата за 0.4%, обувките, цврстите горива за домаќинствата, услугите и средствата за лична хигиена за
0.3%, мебелот и информатичката опрема за 0.2%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  [email protected] 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика