Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, ноември 2015

понеделник, 07 декември 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените
на мало во ноември 2015 година, во однос на претходниот месец, изнесуваат 100.1.


Порастот на индексот на трошоците на животот од 0.1% во ноември 2015 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на повисоките индекси на свежиот зеленчук за 7.5%, јајцата за 1.0%, другото месо и
преработките од млеко за 0.7%, свежата риба и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи
за 0.4%, конзервираното овошје за 0.3% и другите млечни производи за 0.2%.


Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот во ноември 2015 година, во споредба со претходниот
месец, е забележан кај телефоните и факс-апаратите за 6.3%, болничките услуги за 4.9%, информатичката
опрема за 3.5%, другото образование за 1.9%, обувките и дисковите, касетите, дискетите, ЦД-та, филмовите
за 1.7%, мебелот за 1.1%, средствата за лична хигиена за 0.9%, другите услуги неспомнати на друго место за
0.7%, гасот за домаќинствата за 0.6%, облеката и стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за
домаќинствата за 0.3%, материјалите за одржување и поправки на станот, услугите за одржување и поправки
на станот, цврстите горива и електричните апарати-мали за домаќинствата за 0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во ноември 2015 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај свежото овошје за 11.9%, конзервираната риба за 1.5%, маслото и маснотиите за 1.2%, сувото
овошје за 0.8%, конзервираниот зеленчук и свежото млеко за 0.4%, лебот и житариците и другите неспомнати
прехранбени производи за 0.3%.


Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај опремата за спорт и кампирање
за 1.7%, авионскиот превоз на патници за 1.5%, лековите за 0.8%, течните горива за домаќинства за 0.5%,
течните горива и мазива за 0.3% и средствата за чистење и одржување на станот за 0.2%.


Индексот на трошоците на животот во ноември 2015 година, во споредба со ноември 2014 година, бележи
намалување за 0.3%, а индексот на цените на мало бележи намалување за 0.8%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика