Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во октомври 2015
година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.8.
Индексот на трошоците на животот во октомври 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е
забележано движење во подгрупите. Пораст е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските
производи за 1.3%, конзервираната риба за 1.1%, тестенините и другите неспоменати прехранбени производи
за 1.0%, мастите и маснотиите за 0.9%, свежото млеко за 0.4%, преработките од млеко за 0.3%, месото и
полутрајните колбасичарски производи за 0.2%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот во октомври 2015 година, во споредба со претходниот
месец, е забележан кај обувките за 4.0%, цврстите горива и мебелот за 3.0%, гасот за домаќинствата и
течните горива за домаќинствата за 2.6%, лековите за 2.1%, туристичките пакет-аранжмани за 1.9%, накитот
и часовниците за 0.7%, друго образование за 0.6%, течните горива и мазива за 0.4%, услугите за одржување и
поправки на станот за 0.3%.
Намалување на индексите е забележано кај свежото овошје за 8.7%, свежиот зеленчук за 0.8% и сувото овошје
за 0.5%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај авионскиот превоз на патници
за 11.4%, велосипедите за 1.6%, облеката за 0.9%, средствата за чистење и одржување на станот за 0.7%,
информатичката опрема за 0.6%, материјали за одржување и поправки на станот за 0.5%.
Индексот на трошоците на животот во октомври 2015 година, во споредба со октомври 2014 година, бележи
намалување за 0.5%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.2%.