+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, септември 2015

среда, 07 октомври 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2015
година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8, а индексот на цените на мало 99.3.


Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.2% во септември 2015 година, во споредба со
претходниот месец, е резултат на пониските индекси на другите неспомнати прехранбени производи за 1.5%,
замрзнатиот зеленчук за 0.7%, конзервираната риба за 0.5%, свежото млеко за 0.3% и тестенините за 0.2%.


Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај авионскиот превоз на патници
за 14.7%, услугите за сместување за 14.4%, течните горива за домаќинствата за 7.1%, течните горива и мазива за
6.9%, туристичките-пакет аранжмани за 6.3%, лековите за 2.0%, средствата за чистење и одржување на станот
за 1.2%, резервните делови и опрема за сопствен превоз за 0.8%, накитот и часовниците за 0.6% и велосипедите
за 0.2%.


Пораст на индексот на трошоците на животот во септември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежиот зеленчук за 2.6%, маслото и маснотиите за 1.6%, сувото овошје и шеќерот, џемот, медот,
чоколадата и кондиторските производи за 0.8%, свежото овошје за 0.5%, јајцата и конзервираниот зеленчук за
0.3% и месото за 0.2%.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот во септември 2015 година, во споредба со претходниот
месец, е забележан кај болничките услуги за 3.2%, информатичката опрема за 2.4%, гасот за домаќинствата и
електричните апарати-мали за 1.7%, услугите за одржување и поправки на станот за 0.7%, алатите за опрема
на куќа и градина, услугите за култура и средствата за лична хигиена за 0.6%, цврстите горива, средствата за
пишување и услугите за лична хигиена за 0.5%, текстилот за домаќинствата и исхраната во рестораните за
0.4%, обувките и материјалите за одржување и поправки на станот за 0.3%, облеката, електричните апарати-
големи и пијалакот во рестораните за 0.2%.


Индексот на трошоците на животот во септември 2015 година, во споредба со септември 2014 година, бележи
намалување за 0.2%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.1%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  [email protected] 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика