Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2015 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 100.4.
Индексот на трошоците на животот во август 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е
забележано движење во подгрупите. Пораст е забележан кај свежиот зеленчук за 2.7%, свежото овошје за
1.7%, сувомеснатите производи и рибата за 0.6%, сувото овошје и безалкохолните пијалаци за 0.3%, трајните
колбасичарски производи, свежото млеко, замрзнатиот зеленчук и кондиторските производи за 0.2%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот во август 2015 година, во споредба со претходниот
месец, е забележан кај авионскиот превоз на патници за 31.4%, цврстите горива и пијалаците во рестораните
за 0.8%, исхраната во рестораните за 0.5%, услугите за одржување и поправки на станот, електричните апарати-
мали, услугите за лична хигиена, средствата за лична хигиена и накитот и часовниците за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во август 2015 година, во споредба со претходниот месец , е
забележано кај јајцата за 1.9%, производите од жито за 1.7%, конзервираните месни производи за 0.8%, другите
неспомнати прехранбени производи за 0.5%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи
за 0.4%, свежото месо и преработките од млеко за 0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за
домаќинствата за 10.7%, услугите за сместување за 4.4%, течните горива и мазива за 3.6%, обувките за 1.7%,
гасот за домаќинствата за 1.0% и централното греење за домаќинствата за 0.2%.
Индексот на трошоците на животот во август 2015 година, во споредба со август 2014 година, бележи пораст од
0.1%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.8%.