Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, јули 2015

петок, 07 август 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2015 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 99.3, а индексот на цените на мало 99.7.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.7% во јули 2015 година, во споредба со претходниот
месец , е резултат на пониските индекси на свежиот зеленчук за 18.9%, свежото овошје за 2.7%, јајцата за 1.7%,
сувомесните производи за 0.8%, конзервираните месни производи за 0.6%, конзервираниот зеленчук за 0.5%,
свежото млеко за 0.4%, полутрајните колбасичарски производи за 0.3% и безалкохолните пијалаци за 0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано кај болничките услуги за 5.8%,
средставата за чистење и одржување на станот за 2.2%, обувките за 1.3%, електричните апарати - големи за
1.0%, електричната енергија за домаќинствата и течните горива и мазива за 0.4%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2015 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај тутунот за 5.0%, сувото овошје за 1.4%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските
производи за 1.1%.

Во јули пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 13.2%, лековите
за 3.5%, информатичката опрема за 3.1%, туристичките пакет-аранжмани за 2.6%, гасот за домаќинствата за
1.3%, облеката, мебелот и текстилот за домаќинствата за 0.3%.
Индексот на трошоците на животот во јули 2015 година, во споредба со јули 2014 година, бележи намалување
за 0.4%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.4%






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика