Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, јуни 2015

вторник, 07 јули 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.7.


Индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано
движење во подгрупите. Пораст е забележан кај свежото овошје за 18.5%, сувото овошје за 4.0%, маслото и
маснотиите за 3.1%, другите прехранбени производи за 1.3%, јајцата за 1.0%, рибата, конзервираната риба и
алкохолните пијалаци за 0.2%.


Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 6.2%, услугите за
сместување за 4.3%, информатичката опрема за 1.9%, течните горива за домаќинствата за 0.4% и електричните
апарати-големи за 0.3%.


Намалување на индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај свежиот зеленчук за 8.6%, конзервираните месни производи за 0.7%, полутрајните колбасичарски
производи за 0.6%, трајните колбасичарски производи за 0.5% и месото за 0.2%.

Во јуни, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на
патници за 7.4%, гасот за домаќинствата за 4.2%, цврстите горива за 1.2%, обувките за 0.6%, средствата за лична
хигиена за 0.4%, мебелот и течните горива и мазива за 0.2%.


Индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година, во споредба со јуни 2014 година, бележи пораст од
0.5%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.6%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика