Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, мај 2015

понеделник, 08 јуни 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај 2015 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало 100.6.


Порастот на индексот на трошоците на животот од 0.5% во мај 2015 година, во споредба со претходниот месец,
е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 4.4%, мастите за 1.8%, другите неспомнати прехранбени
производи за 1.6%, конзервираната риба за 0.8%, конзервираниот зеленчук за 0.7%, рибата за 0.6%, шеќер,
џем, мед, чоколада и кондиторските производи за 0.5%, лебот и житариците за 0.4% и тестенините за 0.3%.


Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за
11.2%, течните горива за домаќинствата за 6.6%, средствата за чистење и одржување на станот за 4.6%, обувките
за 4.3%, течните горива и мазива за 3.6%, книгите за 3.0%, пакет-туристичките аранжмани за 2.8%, услугите за
култура за 2.7%, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 1.7%, другите производи за одржување на
станот, информатичката опрема и игри, играчки и хоби за 1.0%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата
опрема за домаќинствата за 0.7%, електричните апарати-мали за 0.6%, цврстите горива, болничките услуги и
опрема за спорт и кампирање за 0.5%, облеката, материјалите за одржување и поправка на станот и услугите
за рекреација и култура за 0.3%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во мај 2015 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај јајцата за 2.1%, конзервираните месни производи за 0.5%, месото и сувото овошје за 0.4% и
замрзнатиот зеленчук за 0.2%.


Во мај, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај телефонските и факс
апарати за 8.4%, лековите за 4.5%, услугите за сместување за 2.2% и гасот за домаќинствата за 0.6%.


Индексот на трошоците на животот во мај 2015 година, во споредба со мај 2014 година, бележи пораст од 0.3%,
а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.6%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика