Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, април 2015

четврток, 07 мај 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2015 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на цените на мало 99.9.


Порастот на индексот на трошоците на животот од 0.4% во април 2015 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на повисоките индекси на свежиот зеленчук за 3.9%, свежото овошје за 1.3%, сувото овошје
за 0.7%, другите печива и полутрајните колбасичарски производи за 0.4% и свежото млеко за 0.3%.


Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај поправките и одржувањето на
опремата за сопствен превоз за 3.7%, информатичката опрема за 3.3%, болничките услуги за 3.2%, авионскиот
превоз на патници за 2.6%, текстилот за домаќинствата за 2.3%, средствата за чистење и одржување на станот
за 2.0%, другите лични предмети за 1.6%, велосипедите за 1.4%, средствата за лична хигиена за 1.3%, обувките
за 1.1%, облеката и електричните апарати-големи за 0.7%, лековите и терапевтските помагала за 0.6%, накитот
и часовниците за 0.5%, електричните апарати-мали, мотоциклите, опремата за прием, снимање и репродукција
на звук и слики и исхраната во рестораните и хотелите за 0.4%, цврстите горива и течните горива и мазива за
0.2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во април 2015 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај другите неспомнати прехранбени производи за 1.7%, сувомеснатите производи за 0.6%,
замрзнатиот зеленчук за 0.4% и тестенините за 0.3%.


Во април, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата
за 9.1%, пакет-туристичките аранжмани за 6.6%, течните горива за домаќинствата за 2.8%, градини, цвеќиња за
1.7% и телефонските и факс апарати и услуги за 0.3%.


Индексот на трошоците на животот во април 2015 година, во споредба со април 2014 година, бележи пораст од
0.1%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.9%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика