Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, јануари 2015

понеделник, 16 февруари 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2015
година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.2, а индексот на цените на мало 99.0.


Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.8% во јануари 2015 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на пониските индекси на свежото овошје за 2.6%, свежиот зеленчук за 1.9%, јајцата за 1.4%,
трајните колбасичарски производи, конзервираните месни производи и безалкохолните пијалаци за 0.7%,
маснотиите и замрзнатиот зеленчук за 0.6%, преработките од млеко за 0.4% и свежото млеко за 0.2%.


Во јануари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за
домаќинствата за 13.3%, течните горива и мазива за 10.1%, гасот за домаќинствата за 5.8%, лековите за 4.3%,
велосипедите за 3.1%, обувките за 2.3%, средствата за лична хигиена за 2.1%, услугите за сместување за 1.5% и
текстилот за домаќинствата за 0.2%.

Пораст на индексот на трошоците на животот во јануари 2015 година, во споредба со претходниот месец,
е забележан кај конзервираната риба за 1.3%, тестенините за 1.0%, рибата за 0.9%, другите неспомнати
прехранбени производи за 0.6%, сувомеснатите производи за 0.5%, другите пецива за 0.4% и месото за 0.3%.


Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за
3.7%, тутунот и материјалите за одржување на станот за 2.1%, цврстите горива, апаратите за домаќинствата и
садовите и прибор за домаќинствата за 0.8%, производите и услугите за одржување на станот и информатичката
опрема за 0.4%, пакет-туристичките арамжмани и исхраната во рестораните и хотелите за 0.3%.


Индексот на трошоците на животот во јануари 2015 година, во споредба со јануари 2014 година, бележи
намалување од 1.5%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 4.6%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика