Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, декември 2014

четврток, 08 јануари 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во декември 2014
година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.7.


Во 2014 година, во однос на 2013 година, индексот на трошоците на животот бележи намалување од 0.3%, а
индексот на цените на мало бележи намалување од 0.9%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2014 година беше различно по одделни групи на
потрошувачка.


Намалување на индексите е забележано во групите: Рекреација и култура за 3.9%, Мебел, покуќнина и
одржување на покуќнината за 1.6%, Транспорт за 1.4%, Ресторани и хотели за 1.2%, Храна и безалкохолни
пијалаци и Комуникации за 1.0% и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2%.


Пораст на индексот е забележан во групите: Здравје за 7.9%, Алкохолни пијалаци, тутун за 4.0%, Останати стоки
и услуги за 1.6%, Облека и обувки за 0.7% и Образование за 0.1%.


Движењето на индексот на цените на мало во 2014 година, исто така, беше различно по одделни групи на
производи.


Намалување на индексите е забележано во групите: Услуги за 1.6%, Индустриско-прехранбени производи за
0.8%, Индустриско-непрехранбени производи за 0.6% и Земјоделски производи за 0.2%.


Пораст на индексот е забележан во групата Пијалаци за 1.1%.


Индексот на трошоците на животот во декември 2014 година, вo споредба со декември 2013 година, забележа
намалување од 0.5%, а индексот на цените на мало забележа намалување од 2.3%.

Индексот на трошоците на животот во декември 2014 е на исто ниво како и во претходниот месец, но е
забележано движење на цените во подгрупите.


Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан кај свежиот зеленчук за 10.5% и кај трајните
колбасичарски производи за 0.3%.


Исто така, пораст е забележан кај информатичката опрема за 2.9%, пакет-туристичките аранжмани за 2.8%,
велосипедите за 1.3%, сметот од домаќинствата за 1.1%, гасот за домаќинствата за 0.9%, апаратите за
домаќинствата за 0.3% и алатите и опремата за куќа и градина за 0.2%.


Намалување на индексот на трошоците на животот во декември 2014 година, во споредба со претходниот
месец, е забележано кај овошјето за 7.8%, маслото и маснотиите и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и
кондиторските производи за 1.2%, јајцата за 0.7%, рибата за 0.4% и конзервираната риба за 0.3%.

Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на
патници за 12.3%, течните горива за домаќинството за 6.8%, течните горива и мазива за 5.4%, опремата за
спорт и кампирање за 1.0%, домашните миленици, храната и услугите за нив за 0.5% и средствата за чистење
и одржување на станот за 0.4%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика