Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, септември 2014

вторник, 07 октомври 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2014,
во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.5.
Индексот на трошоците на животот во септември 2014 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е
забележано движење на цените во подгрупите. Пораст е забележан кај маслото и маснотиите за 3.5%, јајцата
за 1.7%, изнутриците за 0.8%, конзервираните месни производи и сувото овошје за 0.6%, сувомеснатите
производи и преработките од млеко за 0.5%, полутрајните колбасичарски производи и киселото млеко за 0.4%,
лебот и белите печива, свежото месо и свежото млеко за 0.2%.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот во септември 2014 година, во споредба со претходниот
месец, е забележан кај телефоните и факс апаратите за 10.4%, финансиските услуги за 9.4%, средствата за
чистење и одржување на станот и цврстите горива за 1.3%, средствата за лична хигиена за 0.6% и велосипедите
за 0.3%.
Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2014 година, во споредба со претходниот
месец, е забележано кај другите неспомнати прехранбени производи за 1.0%, безалкохолните пијалаци за
0.3%, рибата, шеќерот, џемот, медот, чоколадите и кондиторските производи за 0.2%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници
за 13.3%, течните горива и мазива за 2,1%, гасот за домаќинствата за 1.2% и лековите за 1.0%.
Индексот на трошоците на животот во септември 2014 година, во споредба со септември 2013 година, бележи
намалување од 0.7%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.8%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика