Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, ноември 2024 година

вторник, 10 декември 2024


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024
година, изнесува 1.0 %.
Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на
зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 2.1 %, рекреација и
култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.5 %, ресторани и хотели за 0.8 %, облека и обувки, здравје за
0.2 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.
Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во
следните групи: транспорт за 0.9 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 %, разновидни стоки и
услуги за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во ноември 2024 година во однос на октомври 2024 година изнесува 100.3.
Индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година, бележи зголемување
од 4.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.0 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика