Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, септември 2024 година

понеделник, 07 октомври 2024


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024
година, изнесува 0.3 %.
Зголемувањето на инфлацијата во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, е резултат на зголемувањето
на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 1.7 %, мебел, покуќнина и одржување
на домаќинствата за 1.1 %, комуникации за 0.9 %, разновидни стоки и услуги за 0.5 %, образование за 0.3 % и здравје
за 0.1 %.
Во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во
следните групи: транспорт за 5.3 %, рекреација и култура за 1.8 %, ресторани и хотели за 0.4 %, алкохолни пијалаци,
тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2 %.
Трошоците на животот во групата облека и обувки остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во септември 2024 година во однос на август 2024 година изнесува 99.3.
Индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи
зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.3 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика