Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP и цени на мало, август 2014

вторник, 09 септември 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2014, во
однос на претходниот месец изнесува 99.5, а индексот на цените на мало 99.7.


Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.5% во август 2014 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на пониските индекси на сувото овошје за 3.1%, свежиот зеленчук за 2.9%, тестенините за 1.1%,
конзервираните месни производи за 0.5%, лебот и житариците за 0.3% и преработките од млеко за 0.2%.


Во август, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење
за 10.9%, цврстите горива за 7.0%, гасот за домаќинствата за 2.9%, течните горива и мазива за 2.8%, услугите
за сместување за 2.5%, лековите за 1.9%, обувките и апаратите за домаќинствата за 1.1%, облеката за 0.7%,
средствата за чистење и одржување на станот за 0.6%, услугите за лична хигиена и средсвата за лична хигиена
за 0.4%, мебелот за 0.3% и информатичката опрема за 0.2%.


Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2014 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежото овошје за 2.5%, конзервираната риба за 1.4%, свежото млеко и мастите за 0.8%, рибата за
0.4%, сувомеснатите производи , конзервираниот зеленчук и шеќер, џем, мед, чоколади и кондиторски производи
за 0.3%, трајните колбасичарски производи, конзервираното овошје и алкохолните пијалаци за 0.2%.

Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионски превоз на патници за
23.1%, телефоните и факс апаратите за 4.5%, туристичките-пакет аранжмани за 2.5%, услугите за култура и
рекреација за 1.0%, здравствените услуги за 0.7% и телефонските и телеграфските услуги за 0.5%.


Индексот на трошоците на животот во август 2014 година, во споредба со август 2013 година, бележи намалување
од 0.5%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.8%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика