Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јуни 2024 година

понеделник, 08 јули 2024


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година,
изнесува -0.3 %.
Намалувањето на инфлацијата во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, е резултат на намалувањето на
трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4.2 %, комуникации за 0.4 %, храна и безалкохолни пијалаци
за 0.3 %.
Во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, зголемување на трошоците на живот е забележано во следните
групи: здравје за 1.2 %, разновидни стоки и услуги за 0.9 %, ресторани и хотели за 0.7 %, рекреација и култура за 0.5
%, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.2
%, облека и обувки за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование остануваат на исто ниво како
и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во јуни 2024 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 99.1.
Индексот на трошоците на животот во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, бележи зголемување од 3.2 %,
а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.1 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика