Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2024 година, во однос на март 2024 година, изнесува 0.7 %.
Зголемувањето на инфлацијата во април 2024 година, во однос на март 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 2.8 %, комуникации за 1.6 %, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0.9 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.6 %, разновидни стоки и услуги за 0.4 % и здравје за 0.2 %.
Во април 2024 година, во однос на март 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 % и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2 %.
Трошоците на животот во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во април 2024 година, во однос на март 2024 година, изнесува 101.1.
Индексот на трошоците на животот во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.5 %.