Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, февруари 2024 година

четврток, 07 март 2024


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024
година, изнесува 0.4 %.
Зголемувањето на инфлацијата во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, е резултат на
зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 1.6 %, разновидни стоки и услуги за
0.8 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.5 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, здравје за 0.4 %,
домување, вода, електрика, гас и други горива, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2 %.
Во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во
следните групи: облека и обувки за 0.3 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите: комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во февруари 2024 година во однос на јануари 2024 година изнесува 100.3.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи зголемување
од 3.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.7 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика