Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува -0.3 %.
Намалувањето на инфлацијата во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4.9 %, облека и обувки за 1.0 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.8 % и рекреација и култура за 0.7 %.
Во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.5 %, ресторани и хотели за 1.3 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.6 %, здравје за 0.5 % и храна и безалкохолни пијалаци за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите: комуникации, образование и разновидни стоки и услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во јануари 2024 година во однос на декември 2023 година изнесува 98.8.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи зголемување од 3.2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.8 %.